Еден од фудбалските симболи на Белград заслужено испадна во третиот, аматерски ранг на српскиот фудбал. Фудбалскиот клуб Рад кој во сезоната 2011/12 играше квалификации за Лига Европа, создаде многу фудбалери кои направија големи кариери, сега, ја дочека судбината на ОФК Белград и ќе игра во аматерски ранг.
Некогаш Звезда и Партизан губеа бодови против Рад, а вчера тимот од Бањица изгуби од Лозница (3:0) и му се придружи на ОФК Белград во Третата лига – зона Белград.
Во четирите кола од плеј-аутот освоија само бод, па така три кола пред крајот немаат шанси за да се спасат.
За Рад играа и неколку македонски фудбалери: Дејви Главевски, Александар Лазевски, Остоја Стјепановиќ, Александар Тодоровски, Горан Станиќ и Перица Станчевски.
Во овој клуб биле и Љубинко Друловиќ, Зоран Мирковиќ, Владимир Југовиќ, Ненад Гроздиќ, Горан Буњевчевиќ…