Некогашниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Ѓоко Хаџиевски, кој го предводи саудискиот второлигаш Наџран ја доби наградата „Тренер на месецот“ во Дивизија 1 во саудискиот шампионат.
Хаџиевски во последните 6 меча на клупата на Наџран имаше само еден пораз. Неговиот тим се уште е во „црвената зона“ за испаѓање, но Хаџиевски и неговите сорабтници ќе направат се во завршните 4 кола да ми обезбедат опстанок на тимот во кој се врати зимоска.