Може да го сакаш или не, да навиваш за него или не, но мора да се сложиш дека Реал Мадрид е најголемиот и нагламурозен клуб во светот. И затоа секој што игра за Реал мора да внимава на тоа како се однесува.
Бразилецот Винисиус Жуниор можеби е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но има проблематичен карактер. Нема натпревар на кој тој нема да направи нешто што личи на ран на инцидент. Така и на вчерашното финале во Купот на Кралот кога по мечот речиси сите играчи на Осасуна тргнаа да го тепаат, а го спасуваше тренерот Анчелоти.
А што да се каже за она што Бразилецот го направи непосредно пред стартот на финалето. Сите фудбалери на Реал тргнаа да се поздрават со судиската тројка, нешто што е вообичаено во цел свет, само Винисиус тргна кон клупата да ја остави тренерката и не се поздрави со нив.
За ова доби многу негативни коментари, како од фановите на Реал така и од шпанските медиуми.
🏆⚽️ FINAL #CopaDelRey
🗣️ ESTE ES EL VIDEO que circula sobre Vinicius
🎙️ ¿Se marcha Vinicius y no saluda en el protocolo a Sánchez Martínez? pic.twitter.com/GkmgIdNUWJ
— Carrusel Deportivo (@carrusel) May 6, 2023