Верстапен шампионски низ улиците на Мајами

134

Двократниот светски шампион Макс Верстапен вечерва триумфираше на трката за Големата награда на Мајами.

На улиците на Мајами, возачот на Ред Бул ја забележа третата победа сезонава, а вкупно 38-ма во кариерата, бидејќи брилијантно се проби по стартот од деветтата позиција.

Најблиску до холандскиот автомобилист беше неговиот тимски колега Серхио Перез, додека Фернандо Алонсо во Астон Мартин беше на третото место на подиумот. Шпанецот така стигна до четвртиот подиум сезонава, а повеќе има само Верстапен – пет.

Како четврти заврши Џорџ Расел од Мерцедес, пред Саинц и тимскиот колега Луис Хамилтон, кои се пробија по стартот од 13. позиција. Вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, имаше просечна трка, стартувајќи седми и завршувајќи седми.

ПретходноСити „гази“, но фудбалерите не секогаш го слушаат Пеп Гвардиола (ВИДЕО)
СледноНиту 53 поени на Јокиќ не беа доволни за победа на Денвер (ВИДЕО)