Иниеста не се откажува – заминува од Јапонија и ќе игра во С.Арабија или САД

185

И покрај тоа што има 38 години, шпанскиот интернационалец Андрес Иниеста ќе продолжи да игра фудбал. Висел Кобе се согласил да го ослободи од обврските, па така шпанскиот фудбалер ќе може да си побара нов клуб.

Тој во јуни ќе го одигра последниот меч за Висел и тоа против Барселона во пријателски дуел, а потоа ќе ја напушти Јапонија. Поранешниот ас на Барселона има понуди од клубови од Саудиска Арабија и од САД.

Иниеста потпиша за Висел Кобе во 2018 година, за јапонскиот тим одигра преку 130 натпревари во сите конкуренции и постигна 26 гола.

 

ПретходноПМФЛ: Во Струга се лади шампањското, денеска се испишува историја…
СледноСе обиде со „паненка“ па го чинеше Марибор трофеј во купот (ВИДЕО)