Наполи со победа ја прослави титулата и на „Диего Марадона“ (ВИДЕО)

442

Шампионската титула заверена во минатото коло на гостувањето кај Удинезе, Наполи на нашиот Елиф Елмас ја запечати со победа над Фиорентина од 1:0 во мечот одигран денеска во 34. коло од италијанската Серија А.

Избраниците на Спалети остварија триумф со голот на Виктор Осимен во 72. Минута, а нашиот Елмас доби шанса да ја почувствува жешката атмосфера од трибините во Неапол во последните 10-тиа минути од мечот.

Фудбалерите на Фиоренитна пред мечот ги пречкаа шампионите со шпалир, но и тоа не им помогна да го избегнат дванаесеттиот десзонски пораз. По овој пораз Фиорентина остана на осмото место со 46 бодови, со минимални шанси да стигне до едно од европските натпреварувања.

ПретходноАрсенал славеше кај Њукасл и остана во трка за титулата (ВИДЕО)
СледноОхрид лесно со Пролет!