Нов проблем за ПСЖ: И Марко Верати сака да си оди!

617

Од лошо полошо, тоа се деновите во последно време во таборот на ПСЖ, прескапиот тим од Париз. Имено по се она што се случува со Мбапе и неговото перманентно барање да си оди или да добие поквалитетни соиграчи, се надоврза онаа несреќна епизода со Лео Меси и неговото заминување во С. Арабија. Се разбира дека секога проблем е и Нејмар, но од вчера медиумите во Франција известуваат дека уште еден, и тоа главен играч, сака да си оди иако има договор до 2026 година.

Тоа е Марко Верати, “моторот“ на тимот во средниот ред, еден од ретките играчи за врска во ПСЖ кој заслужува да го носи дресот на клубот од Париз.

Италијанецот и официјално побарал во јуни да си замине.

ПретходноПелистер ја доби „мајсторката“ со Феникс 2010 и обезбеди полуфинале
СледноСити „гази“, но фудбалерите не секогаш го слушаат Пеп Гвардиола (ВИДЕО)