ПМФЛ: Мега – дерби на Чаир, Шкупи и Шкендија во нов дуел, Брегалница на гости кај Работнички, “пандевци“ го пречекуваат Тиквеш…

226

 

Попладнево од 17 часот се играат сите натпревари од 31.коло во ПМФЛ. Се разбира дека во преден план е Струга каде најверојатно овој град ќе стане шампионски, имено Струга ТЛ е пред крунисување, но за да дојде до такво нешто ќе треба на Чаир на мега – дербито, Шкупи да не загуби од Шкендија.

Значи Чаир ќе “гори“, играат Шкупи и Шкендија, двата последни шампиони на Македонија. И двете екипи уште имаат шанси за титулата, но секако дека тука игра и математиката.

Знаеме добро есеноска што се случуваше на Чаир во купот меѓу овие две екипи, не сакамени во сон да помислиме истото да се повтори. Интересно, иако Шкендија има далеку подобар биланс во меѓусебните дуели, тетовци немаат победа дури 3,5 години против ШКупи, а последен пат победиле на Чаир пред пет години. Се разбира ако не ги сметаме оние службени 0:3 од есеноска.

Затоа очекуваме супер-интересно мега-дерби, добар и отворен фудбал и секако многу голови. И на крај, полни трибини и убава фудбалска атмосфера.

На останатите мечеви Струга ТЛ го дочекува Силекс, Брегалница на “Борис Трајковски“ во Скопје му гостува на Работнички, во Ѓорче составот на Македонија ЃП го дочекува “второлигашот“ Победа а во Струмица, А. Пандев се среќава со Тиквеш.

Тимот на Скопје во ова коло е слободен.

ДВОЈКИ ЗА 31.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

Македонија ЃП – Победа

А. Пандев – Тиквеш

Работнички – Брегалница

Струга ТЛ – Силекс

Шкупи – Шкендија

Скопје (слободно)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 59, Шкендија 54, Шкупи 52, Силекс 44, Брегалница 37, Македонија ЃП 36, Работнички 34, Тиквеш 31, А. Пандев 26, Скопје 22, Победа 13…бодови

Претходно„Ако одам во Битола“ испеана во еден глас (видео)
СледноГаздата на Челзи има луда идеја да го донесе Меси на “Стемфорд Бриџ“!