По екипите на Кристијансанд и Ѓер, на завршниот турнир од ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција пласман обезбедија и екипите на Ференцварош и Есбјерг.
Ракометарките на Ференцварош направија изненадување со победата против Мец со 33-26, откако Французинките победија со шест разлика (32-26) на првиот меч во Будимпешта. Тимот предводен од Габор Елек за првпат ќе игра на Фајнл-фор турнирот кој следува на 3 и 4 јуни во Будимпешта.
На завршниот турнир настапува и унгарски Ѓер, па може да очекуваме одлична атмосфера на трибините. Меѓу четирите најдобри ќе бидат и ракометарките на дански Есбјерг, кои во Букурешт го победија ЦСМ со 33-31, потврдувајќи ја победата од 32-28 од првиот натпревар.