Завршија првите полувремиња од сите пет средби од 31.коло во ПМФЛ.
Струга ТЛ има водство од 1:0 со голот на Ибраими во 42.минута откако претходно домашните промашија барем пет зицери. Сепак на пауза заминаа со водство. Резултат кој им гарантира титула, ако се знае дека на Чаир е 1:1 меѓу Шкупи и Шкендија.
А таму на мега – дербито, Шкендија поведе со “бомбата“ на Чинари, но затоа Адетунџи врати за 1:1. Меч кој е проследен од голем број фанови. Исто така и во Струга полна е трибината.
Брегалница во Маџари имаше 0:2 со головите на Додев и Андонов, но Работнички врати со три гола, Рушевиќ, Мисердовски и Гандо за 3:2.
Македонија ЃП на ФФМ има водство против Победа од 4:0, Воша на двапати, Мишевски стрелаа за ова водство.
Во Струмица изненадување, Тиквеш со голот на Дончев води на гости кај А. Пандев со 0:1.