Тиквеш дојде до петата победа во плеј-офот, втора во низа. Во дебито на Никола Матлиески, кавадарчани славеа на гостувањето кај вториот тим на Пелистер со 25-20 (12-17). Со новите бодови, Тиквеш остана во игра за местото кое носи европски мечеви.
Домаќинот поведе на стартот со 3-2, на другата страна следеше жесток одговор од 4-0 за 3-6. Битолчани неколку пати намалија на еден гол негатива, но Тиквеш фати ритам, со нова серија од 7-0 поведе со 12-21 на стартот на второто полувреме.
Битолчани не најдоа начин како да се вратат во овој дуел. Па на крајот мораа да се помират со поразот број десет.
Стефановиќ постигна девет гола кај победникот, Хамзиќ и Симиќ имаа по пет погодоци. Кај Пелистер 2, Петровиќ беше стрелец на осум гола.