Македонија има нов шампион, нов фудбалска владател. А тоа е Струга ТЛ која попладнево славеше над Силекс со 3:0, а на Чаир и одеше во прилог резултатот од мега – дербито, па нема веќе дилеми. Струга ТЛ на две кола до крајот ја освои шампионската круна.
Тимот кој што беше прв од 1.коло, ќе заврши прв и на крајот.
Струга е шампионски град, првпат после 2007 година, некој друга град, а не Скопје и Тетово е шампионски град.
Струга ТЛ едноставно беше најдобра. Апсолутно заслужено се слави покрај езерото…