Ниту 53 поени на Јокиќ не беа доволни за победа на Денвер (ВИДЕО)

339

Кошаркарите на Феникс на домашен терен го победија тимот на Денвер со 129:124 и со тоа изедначија на 2:2 во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција. Ниту одличната партија на Никола Јокиќ, кој постигна 53 поени, не беше доволно за Нагетс да обезбедат трета победа во плеј-од серијата.

На Јокиќ на овој меч му недостигаше помошта од соиграчите бидејќи Џамал ​​Мареј постигна 28, а Арон Гордон и Мајкл Портер само по 11 поени.

Девин Букер и Кевин Дурент ги предводеа Санс до победата со по 36 поени, додека Лендри Шамет додаде 19 поени, вклучувајќи четири важни тројки во последната четвртина. Серијата сега се враќа во Денвер, со 5. натпревар ноќта меѓу вторник и среда.

Синоќа Филаделфија израмни на 2:2 во полуфиналето на Источната конференција откако по продолжение го совлада Бостон со 116:115. Најдобар учинок во домашниот тим имаше Харден со 42 поени, девет асистенции и осум скока, а дабл-дабл забележа Жоел Ембид со 34 поени и 13 скока.

Џејсон Тејтум забележа дабл-дабл во дресот на Бостон со 24 поени и 18 скока, а Џејлин Браун постигна поен помалку. Следниот натпревар се игра во Бостон ноќта меѓу вторник и среда.

ПретходноВерстапен шампионски низ улиците на Мајами
СледноНаполи слави титула: Овации за Елмас од преполниот стадион „Марадона“ (ВИДЕО)