Во Барселона започнаа подготовките за летниот преоден рок. Сигурно е дека каталонскиот гигант ќе ја освои титулата во Ла Лига, но исто така е јасно дека не е задоволен од својата сезона бидејќи испаднаа рано од Лигата на шампионите и Купот на кралот. Затоа се очекува во лето и покрај финансиските проблеми со кои се справуваат, да бидат многу активни на пазарот.
Како што пишува Мундо Депортиво, првите чекори се направени, па Чави повлече линија и раководството му претстави список на играчи за кои смета дека мора да ги задржат во секој случај, но и оние без кои може во следната сезона, односно играчи кои би можеле да бидат продадени или отпуштени за да направат простор во буџетот.
На овој првиот се наоѓаат: Араухо, Кристенсен, Дембеле, Тер Штеген, Де Јонг, Педри и Левандовски, додека „отпишани“ се имињата на Рафиња, Кеси, Торесе, Фати, Гарсија и Алба, откриваат шпанските медиуми.