Како последно вонредно коло во овогодинешниот ПМФЛ шампионат, в среда на 10.05. се игра 32. коло.
Од предмалку се познати и судиите кои ќе ја делат правдата во ова коло, а најважно секако е дека Александар Грујоски ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Шкендија и сега веќе актуелниот шампион на Македонија, тимот на Струга Трим Лум кој се игра во Тетово.
32. коло ПМФЛ шампионат
Среда 10.05.2023 17:00ч.
Шкупи – Македонија ЃП
Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Шкендија – Струга Трим Лум
Александар Грујоски (Кичево)
Силекс – Работнички
Стојанче Стојанов (Штип)
Брегалница – Академија Пандев
Јован Качески (Струга)
Тиквеш – Скопје
Ндерим Тефику (Куманово)