Италијанско-американскиот конзорциум Брера Холдингс и официјално потврди дека го купи македонскиот прволигаш Академија Пандев, откако пред два дена за нешто повеќе од 600.000 евра купија преку македонската берза, 90 отсто од акциите на клубот кој го основаше во 2010 година легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев.
А Академија Пандев ќе се ребрендира во Брера Струмица.
Купувањето на струмичкиот клуб од страна на Брера беше најавено одамна, а сега и реализирано.
„Ова е пример како Брера Холдинг ја имплементира својата меѓународна стратегија за истровремено да продолжи со пропширување и лиценцирање на брендот Брера во источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера имаме намера да ги подобриме перформансите на тимот и идеално да се подготват фудбалерите за трансфер-пазарот, а да се земат и наградите од УЕФА за учество во европските купови“, посочи Серџо Скалпели.