Го крена Чаир на нозе и замина: Кико Наумовски со трансфер на Тајланд

5075

Искусниот 34-годишен чувар на мрежата на екипата на Шкупи и на македонската фудбалска репрезентација, Кристијан Наумовски, го напушта Чаир и заминува на Тајланд.

Според последните информации, популарниот Кико, по вчерашната победа на Шкупи над Шкендија со 2:1, во која тој имаше посебен придонес со еден одбранет пенал, се поздравил со соиграчите и најавил заминување на Тајланд.

Наумовски со тоа ја завршува својата епизода во Шкупи и веднаш се сели во Азија, каде заедно со него ќе замине и Алварез. До финализирањето на договорот, клубот ќе остане во тајност.

ПретходноТитулата во Струга се славеше со огномет до доцна во ноќта (ВИДЕО)
СледноТен Хаг за битката за ЛШ: Не треба да го гледаме Ливерпул, затоа што се е во наши раце