Грчки кошаркар почина на 29 годишна возраст!

490

На 29 години згасна животот на грчкиот кошаркар Александрос Варитимиадис. Ова млади момче не успеа да ја добие најважната битка, според тамошните медиуми боледувал од рак. „Александрос храбро се бореше против болет која на крај се покажа како непобедлива. Членовите на управниот одбор на кошаркарската федерација на Грција и претседателот Евангелос Лиолиос изразуваат искрено сочуство со семејството и блиските на починатиот. Зборовите не можат да ја опишат болката. Почивај во мир“, пиша кошаркарската федерација на Грција.

Во својата кариера настапуваше за Паок, Филипос, Ариес, Умеу, БСВ Сиксерс и австрискиот Дорнбир Лајонс.

ПретходноРуни рече дека Сити ќе го уништи Реал, Крос одговори!
СледноКаков тајм-аут: „Не ме терај да те удрам пи*ка ти мајчина пос*ана“