Животот на Дани Алвес во моментов е пекол

3699

аОткако за време на новогодишните празници Дани Алвес беше обвинет за силување, а во јануари и уапсен од страна на полицијата во Шпанија, тој се наоѓа во притвор. Затоворот во кој се наоѓа е еден од најпознатите во оваа земја, и тој е еден од најелитните затвореници таму.

Сепак, медиумите пренесуваат дека бразилецот е во огромни проблеми во моментов, пред се психички, но и поради однесувањето на останатите затвореници кон него.

„Силувач“ бил омилениот нивен прекар за фудбалерот кога и да го сретнеле, а тој речиси воопшто и не излегувал од келијата. Имал посебен третман од страна на стражарите со оглед на неговито статус надвор, а тоа уште повеќе ги иритирало останатите присутни.

Алвес десетина пати поднесе барање за бранење од слобода, но власите се плашат дека доколку биде пуштен тој ќе избега во Бразил.

 

ПретходноОткако се извини: Меси од денеска на тренинг, ПСЖ му ја укина суспензијата!
СледноЧупо-Мотинг продолжи со индивидуалните тренинзи