Италијанскиот министер за спорт му се извини на Душан Влаховиќ

585

Министерот за спорт во Италија, Андреа Абоди, лично му се извини на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ за навредливите скандирања упатени кон него од навивачите на Аталанта во неделната пресметка меѓу двата тима од Серија А. Во второто полувреме домашните навивачи почнаа да му скандираат „циган“ кон српскиот интернационалец, поради што нормално, Влаховиќ реагираше нервозно.

На негова голема сатисфакција потоа, Влаховиќ го постигна решавачкиот гол на мечот, со што ги замолкна безобразните навивачи.

„Моето НЕ, нашето НЕ за разизмот е конечно. Не може, не треба, и не смее да има разлика во бојата, дали е кошула или кожа не е важно. Исто така, не се работи за религија или луѓе: тоа секогаш е важно!  ПОЧИТ: тоа секогаш е важно! А оние кои не разбираат мора да одговараат за своите постапки – секогаш и во секој случај. Му се извинуваме на Душан Влаховиќ!“ – напиша министерот на социјалните мрежи.

 

ПретходноРистовски и Митровски во тимот на колото во Хрватска
СледноОткако се извини: Меси од денеска на тренинг, ПСЖ му ја укина суспензијата!