Меси ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист

123

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси е добитник на наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот за 2022 година. Меси во изборот ги победи колегата од ПСЖ, Килијан Мбапе, потоа тенисерот Рафаел Надал, шампионот во Формула 1, Макс Верстапен, кошаркарот Стеф Кари и рекордерот во скок со стап, Арманд Дуплантис.

„Ви благодарам на сите за наградата. Задоволство е да се биде тука и да се добие оваа награда, но фудбалот е тимски спорт. Го исполнив својот најголем сон и го освоив Мундијалот. Во минатото имав многу среќни моменти со Барселона и многу тага со националниот тим, имаше многу пречки, но успеав да станам подобар и да го освојам трофејот“, изјави Меси.

 

ПретходноЧурлинов го крена трофејот освоен со Барнли
СледноУбави голови и поделба на бодовите на дербито на „Емилија Ромања“