И официјално, како што и самиот клуб потврди, Лео Меси од денеска е на тренинг со своите соиграчи во ПСЖ. Ова и не е изненадување ако се знае дека тој пред неколку дена се извини и затоа сега клубот ја скрати или ја укина суспензијата која требаше да трае две недели без тренинзи и натпревари.
Ако веќе денеска бил на тренинг, а бил, тогаш јасно е дека веќе на следниот меч на ПСЖ тој ќе биде во комбинација за настап во дресот на “светците“.
Да потсетиме дека ПСЖ го суспендираше Меси на два недели поради тоа дека без прашање заминал на мини – одмор во Саудиска Арабија, по што многу врева се дигна за тој негов потег.
Сепак Меси остана без половина од својата месечна плата, тоа ПСЖ не му го прости.