Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, објави дека неговиот договор со клубот е продолжен бидејќи управата ја активирала опцијата за продолжување на соработката.
„Благодарен сум на клубот што ја активира опцијата за продолжување на мојот договор до јуни 2024 година. Нашиот директор Кристијано Џунтоли веќе работи на тимот и потпишува договори за следната сезона“, изјавил Спалети.
Да потсетиме, Лучијано Спалети стана најстариот тренер во историјата на Серија А, кој го освои своето прво Скудето во тренерската кариера.