Поранешен колумбиски репрезентативец третпат фатен со дрога

164

Поранешниот колумбиски фудбалски репрезентативец Диего Осорио (52 години) е уапсен со два килограми кокаин на аеродромот во Меделин. Осориот во деведесеттите години играше за Колумбија со легендарните Карлос Валдерама и Рене Игита, а по завршување на кариерата во 1998 година се свртел кон криминалот.

Прв пат бил уапсен во 2002 година кога превезувал кокаин во Мајами, но бил пуштен со гаранција, пред седум години бил уапсен во Богота и осуден на куќен притвор. Оваа година, поточно на 8 април се обидел да се качи на авион од Меделин за Мадрид со 1.849 грама кокаин, меѓутоа полицијата му ја открила дрогата.

 

ПретходноТен Хаг за битката за ЛШ: Не треба да го гледаме Ливерпул, затоа што се е во наши раце
СледноОдиграна првата половина од шаховските првенства – фаворитите во водство