Стефан Ристовски и Димитар Митровски се дел од најдобрите единаесет во рамките од најновото коло во ХНЛ шампионатот.
Ристовски одигра 0:0 со својот Динамо против тимот на Осијек, додека пак Митровски беше стрелец во победата на неговиот Вараждин од 0:2 на гостувањето кај Шибеник.
За Ристовски ова е сосема нормален развој на настаните со оглед на неговата класа и капацитетот на неовиот тим Динамо, додека пак што се донесува до Митровски, за него е убаво да се види како ја воскреснува неговата кариера, која што според талентот и потенцијалот кој го имаше своевремено требаше да биде на далеку повисоко ниво.