Реал Мадрид и Манчестер Сити утре од 21 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го играат првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Овој дуел на прес-конференција го најави играчот од средниот ред на Реал, Тони Крос.
Новинарите го прашаа дали е навредлива изјавата на Вејн Руни, кој верува дека Сити ќе го уништи Реал.
“Така беше и минатата година. Никој не очекуваше дека ќе победиме, но на крајот го направивме тоа. Се сеќавам на зборовите на Руни, но ди ругите го кажаа истото. Тие не нè засегаат и не мотивираат дополнително“, одговори 33-годишниот Крос.
Договорот на германскиот играч за врска со Реал истекува на крајот од сезоната.
„Пред неколку недели реков дека се оди добро. Не е моја работа да зборувам за тоа официјално, но се е одлично. Клубот ќе мора да се огласи“, изјави Крос.