Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг по вчерашниот пораз кај Вест Хем изјави дека и покрај поразот, „црвените ѓаволи“ сами ќе одлучуваат за пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. Ливерпул во моментов е на бод од Манчестер Јунајтед на табелата, но тимот на Тен Хаг има и меч помалку.
„Не се работи за Ливерпул, туку за нас, бидејќи според табелата се е во наши раце. Ако го покажеме нашиот фудбал, нашето ниво, ќе победуваме на сите натпревари. Не треба да гледаме во другите – треба да се погледнеме себеси и да најдеме начин да се вратиме на нашето ниво. Ништо не се смени. Ако победевме против Вест Хем, ќе ни беше полесно, но сега ни требаат три победи во четири натпревари. Се е во наши раце и мораме да веруваме во себе“, вели тренерот на Јунајтед.
Во следното коло „црвените ѓаволи“ го пречекуваат Вулверхемптон.