Струга ТЛ од вчера и официјално е новиот шампион на Македонија. Вчера со триумфот над Силекс со 3:0 и дефинитивно стружани ставија “печат“ на титулата. А на тој меч блескаше Буњамин Шабани, капитенот и “диригентот“ на тимот. Стрелец на два гола, неколку одлични акции на кој тој беше инспиратор, одземени топки, се она што треба да го прави еден искусен играч на врска, и затоа е играч на ова 31.коло. Покрај него од Струга ТЛ во идеалниот тим на “Спортмедиа“ се и Бесарт Ибраими и Меџит Незири. Тука се и Наумовски, Илиески, Адетунџи (Шкупи), Рушевиќ (Работнички), Дончев, Мишов (Тиквеш), Воша, Мишевски (Македонија ЃП).
ИГРАЧ НА КОЛО
БУЊАМИН ШАБАНИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 30.01.1991 во Куманово
Кариера: Башкими, Милано, Оулун Пало, Скопје, Шкендија, Партизани, Ренова, Шкупи, Ширак, Дрита, Струга ТЛ