ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Струга Трим Лум)

160

Триумфот над Силекс од 3:0 вчера, во меч од 31.коло, на Струга ТЛ и ја донесе титулата, првата. Испишана е историја, Струга сега е шампионски град. Секако дека за ова заслужни најмногу се играчите, но и тренерот си има своја “вина“, посебно Шпетим Дуро кој и вчера одлично го водеше својот тим до победата, до триумфот.

На крај да кажеме дека на стратегот од Албанија вчерашниот меч му беше десетти на клупата на Струга ТЛ. И тој дојде до осмата победа, тука го сметаме и полуфиналниот дуел со Силекс, и има само две ремија, нема пораз. Остануваат уште дерби мечевите со Шкендија и Шкупи во првенството и финалето на Купот со Македонија ЃП, дали Дуро ќе ја заврши сезоната непоразен останува да се види.

ПретходноЧупо-Мотинг продолжи со индивидуалните тренинзи
СледноДимитријевиќ донесе победа на Уникс Казан!