Локалните ривали Сасуоло и Болоња одиграа нерешено на дербито на регионот „Емилија Ромања“. Мечот заврши со резултат 1:1 со убави голови на Доменико Берарди и на Нико Гонзалез.
Сасуоло бараше реванш за оној пораз од 3:0 од Болоња во првиот дел од сезоната, но мораше да се задоволи само со реми.
Болоња е на 10-место на табелата и во серија од пет натпревари без победа, а Сасуоло е на 13. место.
Кај Болоња по пауза од 50 дена на теренот се појави Марко Арнаутовиќ (влезе во игра). Австриецот имаше и една шанса, меѓутоа неговиот удар беше изблокиран.