Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и неговиот Барнли го примија трофејот за шампиони на Чемпионшип лигата на Англија. Барнли прави кам-бек во Премиер лигата, а Чурлинов беше дел од тимот предводен од Винсент Компани кој оваа сезона беше најдобар во втората по ранг лига во Англија и се врати во елитата.
Чурлинов беше на прославата, се фотографираше и со трофејот, а интересно втора сезона по ред прави промоција во повисок ранг откако минатата сезона истото го направи со Шалке 04 во Бундес лигата.
Не е сигурно дали Чурлинов ќе остане во Барнли и идната сезона.
Amazing moment 🏆 pic.twitter.com/651SOBeOGQ
— Johann B Gudmundsson (@Gudmundsson7) May 8, 2023