Македонската репрезентација до 21. година својот следен квалификациски циклус го стартува на 8 септември годинава кога гостуваме на Шведска. Во групата во која уште се наоѓаат и Холандија, Молдавија, Грусија и Гибралтар, Македонија ќе игра важна улога, и стартниот меч од оваа кампања може да биде дури и одлучувачки на крајот.
Тоа швеѓаните и тоа како добро го знаат па на наше изненадување како да се исплашија од нашето гостување. На навидум сосема споредно прашање, каде да се игра мечот, Шведската фудбалска федерација реагира во моментов зачудувачки некоректно.
Најпрво како град и стадион на кој ќе се игра мечот се одбра Малме, а таму има голема популација на македонска дијаспора, па домаќинот очигледно се исплаши од нашата „Фаланга“ и нејзиното присуство па се пишмани.
Следуваше изборот помеѓу Гетеборг и Јонкопинг. Гетеборг е градот со аеродром, и логично е таму да се игра мечот. Сепак, последната информација е дека мечот ќе се игра во Јонкопинг град кој е оддалечен 175 километри од најблискиот аеродром. Правилото на УЕФА е дека не смее да се организира квалификациски дуел во град кој е одалечен повеќе од 90 километри од најблискиот аеродром. Па така, ФФМ секако дека ќе реагира на ова во најмала рака чудно однесување на Шведската фудбалска федерација, која според статусот и реномето нема како да е освен 100% професионална.
Македонија и ФФМ како домаќини одсекогаш обезбедувале најдобри можни услови за сите гости и правеле се што е во нивна моќ истите да се чувствуваат супер што се вели, но за разлика од нас очигледно другите не размислуваат така, и се служат со „ефтини финти“ преку кои се обидуваат да стекнат предност која во суштина не може на фудбалскиот терен да ги направи подобри во никој случај.