„Шумарите“ со драгоцена победа во меч со седум гола

161

Нотингем Форест славеше важна победа над Саутемптон во трката за опстанок во Премиер лигата. Освоени се три бода кои на „шумарите“ им даваат крила за последните три кола во најсилниот англиски шампионат.

Вечерва е совладан Саутемптон, екипата која е последна на табелата, со 4:3. Авонији со голови во 18 и 21 минута носи водство за Нотингем од 2:0, намали Алкарас во 25 минута, пред крајот на полувремето Гибс-Вајт од пенал носи предност за „шумарите“ од 3:1.

Во второто полувреме Лијанко намалува на 3:2 за во 73 минута Данило да зголеми на 4:2. Во финишот Фелипе постигна гол и за 5:2 за Нотингем меѓутоа судијата Мајкл Оливер го поништи поради офсајд.

Веднаш по тој момент пенал за Саутемптон по фаулот на Лавија над Сариџ. Од белата точка прецизен беше Џејмс Вард-Проус за конечни 4:3.

 

ПретходноУбави голови и поделба на бодовите на дербито на „Емилија Ромања“
СледноШампионот пред елиминација, Леброн и Дејвис го имаат лекот за Голден стејт (ВИДЕО)