Јокиќ се „закачи“ со газдата на Феникс, го поткачи со лактот и доби техничка (ВИДЕО)

1875

Никола Јокиќ синоќа направи личен рекорд со 53 поени во плеј-оф меч во НБА лигата, но неговиот тим не успеа да слави. Во еден период од втората четвртина Србинот доби техничка грешка откако влезе во отворен судир со еден од навивачите на „Санс“, кој потоа излезе дека е всушност сопственикот на Феникс.

Имено, непосредно пред крајот на првото полувреме, Јокиќ сакаше да ја забрза играта, се приближи до аут-линијата и се обиде да му ја одземе топката на навивачот кој не сакаше да му ја врати. Српскиот центар се обиде на сила да му ја земе, па малку и го закачи со лактот. Сопственикот на Феникс Санс, Мет Ишбија, падна како „покосен“, а Јокиќ доби техничка грешка.

Медиумите пренесуваат дека остана нејасно зошто Јокиќ е казнет затоа што се обидел да му ја одземе топката на човек во близина на теренот. Сепак, сега е на потег НБА и евентуалните санкции за двете страни.

ПретходноНаполи слави титула: Овации за Елмас од преполниот стадион „Марадона“ (ВИДЕО)
СледноРистовски влезе во клубот 100 на „модрите“ од „Максимир“