Евертон во 35.коло на Премиер лигата славеа со 5:1 на гостувањето кај Брајтон и го прескокнаа Лестер кој изгуби на гостувањето кај Фулам со 5:3. „Карамелите“ направија голем чекор напред кон опстанокот. Абдулај Дукуре погоди во 1.минута, а потоа и во 29 минута, а во 35 минут беше 0:3 по автоголот на Џејсон Стил.
Во вториот дел двапати погоди Двајт Мекнил и еднаш Алексис Мекалистер за Брајтон.
Брајтон е на 7.место, Евертон моментално е во сигурната зона меѓутоа се уште има шанси да испадне од лига.
А Лестер кој исто така се бори за опстанок беше демолиран од Фулам. Екипата од Лондон ја прекина серијата од три порази и се наоѓа на 10 место на табелата, додека Лестер е поразен првпат по три натпревари.
Лестер до крајот на сезоната ќе игра со Ливерпул, Њукасл и Вест Хем.