Александар Грујоски ќе го суди дербито во Тетово

1732

Како последно вонредно коло во овогодинешниот ПМФЛ шампионат, в среда на 10.05. се игра 32. коло.

Од предмалку се познати и судиите кои ќе ја делат правдата во ова коло, а најважно секако е дека Александар Грујоски ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Шкендија и сега веќе актуелниот шампион на Македонија, тимот на Струга Трим Лум кој се игра во Тетово.

32. коло ПМФЛ шампионат

Среда 10.05.2023 17:00ч.

Шкупи – Македонија ЃП

Крумислав Ѓоргиев  (Штип)

Шкендија – Струга Трим Лум

Александар Грујоски (Кичево)

Силекс – Работнички

Стојанче Стојанов (Штип)

Брегалница – Академија Пандев

Јован Качески (Струга)

Тиквеш – Скопје

Ндерим Тефику (Куманово)

ПретходноШвеѓаните се плашат од „Фалангата“….. во три дена сменија три градови и дестинации
СледноРистовски и Митровски во тимот на колото во Хрватска