аОткако за време на новогодишните празници Дани Алвес беше обвинет за силување, а во јануари и уапсен од страна на полицијата во Шпанија, тој се наоѓа во притвор. Затоворот во кој се наоѓа е еден од најпознатите во оваа земја, и тој е еден од најелитните затвореници таму.
Сепак, медиумите пренесуваат дека бразилецот е во огромни проблеми во моментов, пред се психички, но и поради однесувањето на останатите затвореници кон него.
„Силувач“ бил омилениот нивен прекар за фудбалерот кога и да го сретнеле, а тој речиси воопшто и не излегувал од келијата. Имал посебен третман од страна на стражарите со оглед на неговито статус надвор, а тоа уште повеќе ги иритирало останатите присутни.
Алвес десетина пати поднесе барање за бранење од слобода, но власите се плашат дека доколку биде пуштен тој ќе избега во Бразил.