Неапол вчера славеше. Популарното Скудето беше заверено уште во минатото коло, а вчера на средбата ос Фиорентина беше само потврдено. Навивачите кои долги години мечтаеја за шампионскиот пехар, вчера имаа причини за голема прослава на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Нашиот репрезентативец Елиф Елмас доби големи овации од преполниот стадион, на кој наполитанците се појавија со посебни дресови на кои го имаа својот лик.
Eljif Elmas 🇲🇰
#7#NAPOLISCUDETTO pic.twitter.com/ZLGgMoiG6f
— Lega Serie A (@SerieA_EN) May 7, 2023