Валверде и Модриќ се уште се повредени, но вечерва ќе играат затоа што Анчелоти инсистира

238

Лука Модриќ и Федерико Валверде вечерва ќе бидат во составот на Реал (М) за првото полуфинале од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, иако се повредени. Како што откриваат извори од клубот, Валверде има болки во ногата веќе неколку недели, но лекарите му дозволиле да игра со Манчестер Сити.

Модриќ беше тестиран за повредата на тетивата која ја заработи против Џирона во април и беше утврдено дека нема да биде 100% подготвен за игра против „граѓаните“.  Сепак, Карло Анчелоти инсистирал 37-годишниот играч од средниот ред да излезе во стартниот состав на вечерашниот меч.

Ако Модриќ нема среќа и рецидивира со повреда на тетивата во текот на натпреварот, тој би можел да отсуствува неколку месеци. Тоа е огромен ризик за Хрватот, но Анчелоти нема намера да го остави можеби и најважниот играч во тимот надвор од дуелот кој може да го лансира „кралскиот клуб“ кон нов трофеј во најелитното европско натпреварување.

ПретходноПрва недела под палката на Јошко: Одбојкарите без „контроли“ пред „Златната лига“ (ВИДЕО)
СледноУ-15: Македонија со триумф над Малта!