Ајнтрахт Франкфурт ќе го менува тренерот Оливер Гласнер, пренесува „Скај спортс“. Според изворот раководството на клубот размислува да го тргне 48-годишниот австриски тренер затоа што не се задоволни од перформансите на тимот оваа сезона.
Ајнтрахт влезе во една лоша серија од 11 натпревари без победа во Бундес лигата поради што е на 9. место на табелата со минимални шанси за излез во Европа идната сезона. Ајтрахт стигна и до осминафинлето на Лигата на шампионите меѓутоа изгуби од Наполи.
До крајот на Бундес лигата има уште три натпревари, Ајнтрахт ќе игра со Мајнц, Шалке и Фрајбург. Како утеха Ајтрахт стигна до финалето на Купот на Германија во кое на 3 јуни ќе игра против РБ Лајпциг.
Како потенцијални кандидати за клупата се споменуваат тренерот на Салцбург, Матијас Јисле, потоа Јулијан Нагелсман, поранешниот асистент Дино Топмелер и тренерот на Штурм, Кристијан Илзер.