Манчестер Јунајтед тргнува со рекордна понуда за Гонкало Рамос од Бенфика. Според британски „TalkSport“, Ерик тен Хаг чека да заврши проблемот со сопственоста за да може да тргне во летен поход на нови засилувања.
Како резултат на тоа, Јунајтед почна да работи на евентуален трансфер на ѕвездата на Бенфика Рамос, кој постигна 25 гола во сите натпреварувања оваа сезона.
Се вели дека зделката би можела да чини меѓу 70 и 100 милиони фунти, вклучувајќи ги и бонусите. Тоа би можело да биде најголемата сума која Јунајтед ја потрошил за играч по трансферот на Пол Погба во 2016 година за околу 89 милиони фунти.