Вечерва во Пиреја, Олимијакос со 84:72 успеа да го победи Фенернахче и со тоа да стави победнички крај во 1/4 финалната серија со 3:2. а тоа значи и пласман на Ф4 во Каунас во Евролигата.
Во текот на целиот меч грчкиот тим беше подобар, имаше постојано водство и заслужено успеа да победи.
Гудуриќ со 26 поени беше најефикасен, но бадијала, неговиот тим бепе поразен, додека кај победничкиот состав Слукас со 22 поени беше најдобар.
Олимпијакос е вториот патник, по Барселона, на Ф4. Утте се играат “мајсторките“ меѓу Реал Мадрид – Партизан и Монако – Макаби, по што ќе ги знаеме сите учесници на завршниот турнир во битката за пехарот во Евролигата.