Роналдо оттурна противнички тренер кој сакаше да направи селфи (ВИДЕО)

352

Кристијано Роналдо оттурна член на стручниот штаб на Ал-Калиеј по натпреварот во кој неговиот Ал-Наср ремизираше 1-1 и дополнително ги урна нивните надежи за освојување на титулата во првенството на Саудиска Арабија. Тоа се случи по натпреварот кога еден од членовите на стручниот штаб од противничката екипа го замоли за заедничка фотографија.

Португалскиот напаѓач е најголемата фудбалска ѕвезда во Саудиска Арабија, човек чиј дрес е баран по натпреварите и ривалите ја користат можноста да добијат сувенир. Сепак, резултатите што ги постигнува Ал-Наср со играч кој игра со годишен приход од 200 милиони евра не се на очекуваното ниво и станува нервозен.

ПретходноСо среќното тркало во „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ“ на 2win.mk комплетирано е првото коло!
СледноНа редовното Собрание, МОК го промовира проектот „Златен денар за златен медал на македонските спортисти“