Каков меч, каков дуел на титаните во првиот полуфинален дуел во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, кој на крајот заврши без победник, 1:1. Па така реваншот на „Етихад“ ќе го даде патникот во големото финале.
Винициус и Де Брујне со своите фантастични голови го одбележаа овој дуел.
Реал Мадрид, во екот кога на терен доминираше Сити дојде во водство со прекрасниот гол на Винициус во 35.минута за „експлозија“ на преполниот „Сантијаго Бернабеу“. Треба да се каже дека во тој дел од мечот Сити го имаше поседот и неколку закани, но на пауза се замина со водство на “кралевите“.
Во вториот дел сосема поинаква слика на теренот. Реал беше тој што напаѓаше, што се закануваше, што бараше втор гол. Сити беше пред нокаут, но лесно им е на “граѓаните“ кога го имаат Кевин Де Брујне. Прво се закани со два шута, од кои едниот беше зицер, но Куртоа фантастично одбрани, и тогаш дојде таа 67.минута. Гундоган му додаде а Де Брујне со “бомба“ од дваесетина метри просто ја “скина“ мрежата на “кралевите“ за 1:1.
Give De Bruyne his statue now, Mr Man City #RMAMCI | #UCL pic.twitter.com/PrQUSmxLUH
— 101 Great Goals (@101greatgoals) May 9, 2023