Можете ли да го замислите Жозе Мурињо на клупата на ПСЖ, на еден од најбогатите, ако не и најбогат клуб во светот. Имено познато е дека “специјалниот“ просто ужива во Рим како тренер на Рома, но сепак еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот и освојувач на ЛШ со Порто и Интер, сака одново да биде во “високото друштво“, а реално Рома е далеку од тоа.
Во изминатите денови за ова се шпекулираше низ медиумите во Франција и Италија, но денеска се известува дека само детали го делат Жозе до договор со “светците“. Во изминатите неколку денови тој во два наврати имал состанок со челниците на ПСЖ и начелно има – ДА, за да “специјалниот“ седне на клупата на тимот од Париз по завршување на следната сезона.