Денеска од 17 часот се играат сите осум мечеви од 29. или претпоследно коло во ВМФЛ. Во битката за врвот речиси се да е познато. Воска и официјално е прволигаш, Гостивар денеска ќе стави “печат“ на пласманот во елитата ако се знае дека дома игра со Борец и му треба барем еден бод.
Но затоа денеска на “Борис Трајковски“ во Маџари се игра “Дербито на Македонија“ меѓу Вардар и Пелистер. Јасно е дека овој меч на резултатски план ништо не значи, но ќе се игра за престиж, кога се игра “Македонското Класико“ тогаш нема неважни натпревари, посебно за фановите на двата клуба.
Вардар и со реми и официјално ќе биде трет и ќе игра бараж. Пелистер треба денеска да победи, а во последното коло Вардар да загуби и Пелистер пак да победи, за да битолчани бидат трети и одат во баражот. Неверојатна математика, затоа и велиме дека ова дерби нема резултатско значење.
Затоа битката за избегнување на бараж местото за опстанок е супер интересна. Со победата над Вардар во саботата на негов терен, сега Тетекс има шанси да дојде до тоа посакувано 13.место кое води во баражот. Сега таму е Саса со 27 бодови исто толку бодови има и Пехчево кој е на 12. место, а овие екипи денеска играат меѓусебе.
Ете ја шансата за Тетекс кој игра дома со Кожув и во случај на триумф тетовци во најлош случај бодовно ќе се израмнат со Саса и Пехчево и во последното коло ќе биде “пекол“.
ДВОЈКИ ЗА 29.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Вардар – Пелистер
Тетекс – Кожув
Беласица – Арсими
Слога (В) – Охрид
Воска – Детонит
Гостивар – Борец
Беса – Караорман
Саса – Пехчево
ТАБЕЛА: Воска 69, Гостивар 67, Вардар 62, Пелистер 56, Детонит 47, Беса 45, Охрид 38, Арсими 37, Беласица 35, Караорман 34, Кожув 33, Пехчево 27, Саса 27, Тетекс 25, Слога (В) 22, Борец 2… бодови