ВМФЛ: Прволигашка промоција на Гостивар со стил, Тетекс го победи Кожув, победи и Саса…

2169

Попладнево се одиграа сите осум мечеви од 29.или претпоследно коло во ВМФЛ. Покрај Воска, од денеска ов прволигаш е и Гостивар кој со 4:0 успеа да слави над Борец пред своите фанови и со тоа себе си да си се промовира во нов член на Првата лига.

Вардар и Пелистер одиграа без победник 1:1, Вардар ќе игра во баражот.

Воска со 5:3 го победи Детонит во меч без никакво резултатско значење.

Тетекс со 4:2 триумфираше над Кожув и со тоа ги задржа шансите сепак во последен момент да се спаси, па макар и преку баражот, ако се знае дека денеска Саса го победи Пехчево со 2:1 и со тоа им остави на Пехчево и Тетекс да се “тепаат“ за тоа 13. место на табелата. Тетекс игра кај Арсими а Пехчево дома со Беса, но “штофарите“ имаат бод повеќе.

Сепак и тимот од Каменица не е сигурен и ќе мора во Битола кај Пелистер да освои барем бод.

Саса има 30, Тетекс 28 а Пехчево 27 бода, Слога (В) 25.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 29.КОЛО

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 1:1

ТЕТЕКС – КОЖУВ 4:2

БЕЛАСИЦА – АРСИМИ 0:1

СЛОГА (В) – ОХРИД 2:0

ВОСКА – ДЕТОНИТ 5:3

ГОСТИВАР – БОРЕЦ 4:0

БЕСА – КАРАОРМАН 1:0

САСА – ПЕХЧЕВО 2:1

ПретходноПо бод за “вечните“ во “Дербито на Македонија“: Вардар стави печат на баражот за ПМФЛ!
СледноЏака си оди од Арсенaл и се сели на „Бај арена“?