Го освоија Купот во 2019, играа со „Пандевци“ во Европа, а сега се пред колапс

2520

Лехија Гдањск, еден од клубовите кои  31 сезона играше во полската Екстракласа е пред колапс. Клубот кој во сезоната 2018/19 беше третоплaсиран, но го освои Купот на Полска, а потоа и Суперкупот на Полска, следната сезона играше и финале во истото натпреварување се најде во ситуација да стравува за својата иднина.

Гордоста на Гдањск испадна од најсилната полска лига, прв пат по 15 години, но тоа не е најпроблематичното. Клубот е пред финансиски колапс затоа што не може да ги плаќа играчите, па јасно е дека огромен број ќе го напуштат клубот по завршување на сезоната. Според,  „Меczyki.pl“ клубот нема исплатено плати на фудбалерите за февруари и март, а веројатно нема да ја исплати и априлската плата.

Но не само тоа, фудбалерите не ги добиле ни ветените бонуси за играњето во Европа оваа сезона и четвртото место во сезоната 2021/22. Да потсетиме Лехија минатата година играше против Академија Пандев во квалификациите и победи со вкупни 6:2 (4:1 и 2:1) и потоа испадна во следното коло од Рапид Виена.

Клубот добил период од 14 дена да ги изврши исплаќањата, ако не го направи тоа фудбалерите ќе бидат ослободени од договорите.

Испаѓањето од Екстракласа ќе значи и намалување на приходите од телевизиските права, а ќе се намалат и приходите од градот. Поради тоа не е јасно дали клубот ќе добие и лиценца за настап во втората лига. Најлошото сценарио е пад дури во четвртата лига.

 

 

 

ПретходноДуелот на „вечните“ в сабота, билетите од денеска во продажба
СледноПрва недела под палката на Јошко: Одбојкарите без „контроли“ пред „Златната лига“ (ВИДЕО)