Дуелот на „вечните“ в сабота, билетите од денеска во продажба

257

Првиот полуфинален плеј-оф меч од домашно кошаркарско првенство меѓу вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се одигра в сабота (20.15 часот) во СЦ „Јане Сандански“. Од редовите на домаќинот и актуелен бранител на титулата, информираа дека поради големиот интерес за пресметката со најголемиот ривал, билетите за мечот од денеска се пуштени во продажба.

Цената на билетите е 100 денари за сите блокови. Влезниците веќе може да се купат преку интернет и тоа на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk , како и преку продажните места на „МК Тикетс“ ширум државата.

На денот на натпреварот тие ќе се продаваат и на билетарницата пред арената во населба Аеродром и тоа од 12 часот па сѐ до почетокот на мечот.

ПретходноКапитенот на Вождовац и крилото на Ријека се нови репрезентативци на Македонија
СледноГо освоија Купот во 2019, играа со „Пандевци“ во Европа, а сега се пред колапс