Белгискиот крилен напаѓач Еден Азар ќе остане во Реал Мадрид уште една сезона додека му трае договорот со „Кралевите“, а потоа ќе замине во пензија, пренесува шпански „Релево“. Азар нема намера да оди во друг клуб, туку ќе чека на идното лето да му заврши договорот со Реал и потоа ќе ги закачи копачките на клинец.
А на Реал тоа не му одговара затоа што треба да му даде 30 милиони евра годишна плата на фудбалерот кој едвај игра (оваа сезона само девет натпревари). Планот на Реал е да го продаде што е можно побргу, меѓутоа засега никој не го сака фудбалерот кој повеќе не го интересира фудбал.
„Азар смета дека постигнал се што еден фудбалер може во кариерата. За него пензионирање во дресот на Реал, клубот за кој отсекогаш сакал да игра, е нешто што го мотивира“, наведува Релево.
Белгиецот дојде во Реал во 2019 година од Челзи за 115 милиони евра. Но тој стана најголемото промашување на клубот.